Ердоган во благо водство, се поизвесен втор круг на изборите за претседател на Турција

Реџеп Таип Ердоган е во водство во однос на Кемал Киличдароглу, но актуелниот претседател падна под 50 отсто гласови (49,52 отсто) додека кандидатот на опозицијата има 44,76 отсто по обработени над 95 отсто од гласачките ливчиња на општите избори што се одржаа денеска во Турција, јави државната телевизија ТРТ Хабер.

Со тоа сè поизвесно станува дека ќе има втор круг претседателски избори. Вториот круг ќе биде одржан на 28 мај, доколку ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто гласови.

На Ердоган му недостасуваат околу 0,5 отсто од гласовите за да има повеќе од 50 отсто, со што би ја однел победата.

Иако математички Ердоган сѐ уште има шанси да го достигне потребниот број гласови, тоа е многу малку веројатно, откако поддршката за него паѓаше константно во пребројувањето на последните 30 отсо од гласачките ливчиња, кога се броеја гласовите од големите турски градови.

Според последните податоци од нешто пред полноќ, Ердоган освоил 49,52 отсто од гласовите, а опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу – 44.76 проценти.

Синоќа, медиумите излегоа и во првичните резултати кои упатуваа на блага предност на Ердоган, по што околу 21 часот се јави Киличдароглу. Тој на социјалните мрежи напиша „Фикцијата, која почна со 60 отсто, сега падна под 50 отсто.

-Набљудувачите на гласачките ливчиња и официјалните членови на избирачките одбори, никогаш не треба да ги напуштаат своите места. Нема да спиеме ноќва, луѓе мои, порача тој.

На вчерашните избори имаше големата излезност. Половина час пред затворање на гласачките места беше забележана излезност од 85,1 отсто на граѓани.

Претходна вестИзгоре локомотива на „Македонски железници“ кај Велес
Следна вестЦените на нафтата паднаа четврта недела по ред, стасаа до 70 долари за барел