Еротско ТВ поп шоу или танцова пракса : перформансот „Скринсејвер“ вечерва во МКЦ

„Скринсејвер“ е насловен перформансот што ќе биде изведен вечерва во главната сала на Младинскиот културен центар, во рамки на 45-тото издание на МОТ и здружението Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје.

Станува збор за кореографско дело на Александар Георгиев. Како што соопшти организаторот, перформансот ќе биде изведен од Александар Георгиев, Дарио Барето Дамас (Шпанија), Жана Пенчева (Бугарија) и Тереза Лазарев (РС Македонија).

– „Скринсејвер“ може да се сфати како танцова пракса, но всушност станува збор за еротско ТВ поп-шоу или едноставно апсурдно видео рекламирање на архивата за танцување, која се негува уште од 60-тите, 70-тите, 80-тите и 90-тите години. Архива која спекулативно отвора простор за други темпоралности кои поинаку се бавеле со танцот, за да коегзистираат истовремено во денешната перцепција на танцот и кореографијата. Ќе се отвори простор каде што конечно ќе може да се доживе илјада пати одиграниот танц, или сеќавањето на танцот што сме го гледале толку многу пати и сите го носиме во себе како кинетичка меморија. Ќе се отвори простор за танц на идна носталгија. „Скринсејвер“ создава клима на задоволство додека танцот и кореографијата се доживуваат како кинематографска меморија на телата, наведува организаторот.

Претходна вестДали властодршците имаат вградено филтри на плуќа па не се грижат за смогот?
Следна вестКолку пациенти треба да починат за да се направат јасни Протоколи за лекување од вирусот?