ЕСМ и Адора се договорија за закупот на топланите, скопјани од 15-ти октомври ќе имаат парно

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје, соопшти денеска АД ЕСМ.

Ова државно претпријатие наведува дека договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23г.

-Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од РКЕ. Двете компании покажаат општествена одговорност и свесност за моментот во однос на потребите на граѓаните на Скопје и постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се апсолвираат во следниот период, се наведува во соопштението.

Според најавите, со ова е исполнет најважниот услов за да од 15-ти октомври стартува парното греење за околу 60.000 граѓани на Скопје. Двете страни се договориле доколку во меѓувреме Адора достави понуда за купопродажба на топланите, таа ќе биде разгледана од страна на ЕСМ во наредниот период.

Претходна вестСиндикатот на УКИМ бара годишно зголемување на платите за 25 проценти, Владата ќе прави анализа
Следна вестМлада скопјанка пронајдена почината во својот дом