ЕСМ ќе управува и со топланата „Север“

Со потпишување на договор ЕСМ ќе го преземе управувањето со топланата „Север“ во Скопје којашто ги опслужува граѓаните на подрачјето на општините Чаир и Бутел. Ова денеска го најави премиерот Димитар Ковачевски кој рече дека денеска треба да завршат преговорите меѓу раководствата на топланата „Север“ и ЕСМ и да потпишат договор за соработка

-Електрани на Северна Македонија“ ќе го преземат управувањето со топланата „Север“ што ги снабдува со топлинска енергија граѓаните во општините Чаир и Бутел, како и институциите, училиштата и градинките во овие општини, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната посета на кавадареччко каде што заврши изградбата на магистралната гасоводна делница.

И тој, како и ЕСМ претходно, ги демантира информациите дека е можно скопјани утре да останат со ладни радијатори бидејќи наводно резерви на гас има само за уште денеска, а нови набавки не се најавени.

Претходна вестФондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2022/2023
Следна вестПо три години обвинет скопјанец кој претепал ЛГБТ активист