Комесарите од Брисел денеска ги оценуваа државите вклучени во евроинтеграциите. За евробирократите највисока оценка заслужи Црна Гора. По неа, според оценката на ЕУ, следуваат Албанија, Молдавија и Украина.
Македонија, пак, е рангирана пониско од нив и добила оценка тројка, наспроти петката на Украина.
Ако се чита извештајот јасно е дека оценката официјално Скопје може да ја поправи со прифаќање на барањето на Софија да се промени на Уставот и да се вклучуват Бугарите во него.
Инаку, во Извештајот сме пофалени дека има економски напредок и дека пред се, сме стопроцентно усогласени со надворешната и одбрамбената политика на ЕУ
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



