ЕУ ќе ја помага Украина, но не од замрзнатите руски пари

8

Лидерите на ЕУ синоќа се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години, но не одобрија и користење на замрзнатите руски средства во корист на Киев како што претходно најавуваа. Белгија има резерви да се користат руските пари.

Во заклучоците од состанокот стои дека ЕУ е посветен на одговор на итните финансиски потреби на Украина за периодот 2026-2027 година, вклучувајќи ги и нејзините воени и одбранбени напори и дека, во согласност со правото на Унијата, руските средства треба да останат замрзнати сè додека „Русија не ја заврши својата агресивна војна против Украина и не ја надомести штетата предизвикана од таа војна”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестОсум децении од формирањето на ООН
Следна вестНов срам за Франција: ограбен уште еден музеј