Европа колку понезависна од руската нафта, толку позависна од рускиот ураниум

Европа дури и да ја одбегне зависта од руската нафта сепак ќе биде енергетски зависна од Русија. Во статија напишана од Патриша Коен во Њујорк Тајмс се вели дека ќе бидат потребни години за европските земји да престанат да се снабдуваат со ураниум од Русија.

Цилиндрите на нуклеарните централи низ Европа не работат. До пред извесно време ЕУ-земјите беа навикнати својот ураниум да го купуваат од „нуклеарната продавница со еден шалтер“ – Русија, пишува Коен во статијата.

Русија контролира 38 отсто од светскиот пазар за конверзија на овој минерал, а 46 отсто од капацитетите за негово обработување. Дури, цела петтина од вкупниот збогатен ураниум кој САД го добиваат пристигнува од Русија.

Некои од нуклеарните снабдувачи во Европа, на пример Фраматом во Франција потпиша договор со Росатом во декември 2021 година, токму пред војната. Тој уште не е раскинат, а компанијата одбива да даде коментар. Обично ваквите договори се потпишуваат за долги партнерства, на 15 до 20 години. Франција  и денес увезува 15 отсто од својот ураниум од Русија.

Според списанието Нејчр Енерџи, Росатом ќе има лоша репутација во Европа, но глобално синџирот ќе остане силен. На пример, Русија лани заработила 1 милијарда долари од испораките на нуклеарно гориво.

Европа во моментов се потпира само во една четвртина од својата енергија на нуклеарните капацитети. Германија реши да затвори две нуклеарки поради снабдувањето со Русија.

Во меѓувреме, Словачка ќе стави во погон една, а Унгарија ќе изгради две нуклеарни централи кои ќе се снабдуваат со руско гориво. Всушност, 18 нуклеарки во пет земји од ЕУ биле изградени од страна на Русија.

Претходна вестБелорусија воведува смртна казна за велепредавство
Следна вестДубровник меѓу најубавите места за соло патување во светот