Европската Унија планира да воведе дигитални возачки дозволи

Европската комисија презентираше низа предлози поврзани со возењето регулирањето на сообраќајот, а еден од нив е и воведувањето дигитална возачка дозвола за граѓаните на Унијата. Иако тоа би било голема промена, Европската комисија тврди дека тоа „ќе го поедностави признавањето на возачките дозволи меѓу земјите-членки“ и „многу ќе ја олесни замената, продолжувањето и размената“.

Иако изгледаат како едноставна задача, дигиталните дозволи сè уште бараат многу работа. Меѓу другото, неопходно е да се постигне договор за спецификациите во однос на интероперабилноста и безбедноста, како и за карактеристиките за верификација.

Ова може да потрае со години, но Европската комисија сугерира дека дигиталните возачки дозволи треба да бидат првиот избор само по почетниот период на прилагодување. Традиционалните возачки дозволи нема да исчезнат веднаш бидејќи возачите можат да ги добијат ако сакаат.

Целта на Европската комисија е да им олесни на странците да возат во Европа. Од возачите често се бара повторно да поминат обука и тестирање за да добијат европска дозвола без оглед на нивното претходно возачко искуство, а намерата е тоа да се промени.

Исто така, се предлагаат промени во обуката за зголемување на безбедноста, како и двегодишен пробен период за почетници. Обуката би вклучувала пристап до знаења и вештини поврзани со напредни системи и други автоматизирани технологии.

Претходна вестБура од прашина причина за тешката сообраќајка во Унгарија
Следна вестДоријан Бабунски е избран за играч на месецот во Унгарија