Европскиот Парламент ја одбележа 70-годишнината од своето постоење

Европскиот Парламент со свечена церемонија во Стразбур одбележа седумдесет години од постоењето на таа европска институција.

-Европа е начин на живот. Не случајно европското знаме беше подигнато во Херсон по неколкумесечната брутална окупација. Подигнато е затоа што симболизира надеж, храброст и уверување, изјави претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола.

Претседателката на Европарламентот во својот говор посочи дека европскиот проект ги обедини народите и стана рамка за борба за правата и достоинството на луѓето.

-Од пепелта на војната најдовме мудрост, храброст и хуманост да застанеме заедно, да уриваме ѕидови и да ги обединиме луѓето и народите. Заедно можеме да ја продолжиме нашата мисија да се бориме против генерациските нееднаквости, да се бориме против сиромаштијата, да бидеме побезбедни, да се бориме против дискриминацијата, да застанеме во одбрана на жените…да создадеме рамка за просперитет и економски раст, да ги победиме климатските промени и да помогнеме во создавање работни места за да се обезбеди достоинство за сите, рече Мецола.

Говори одржаа премиерите на земјите каде што се наоѓаат главните европски институции – белгискиот премиер Александар де Кро, премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел и француската премиерка Елизабет Борне.

Претходна вестПовеќе делови од Скопје утре ќе останат без струја
Следна вестНаместо пари Данела им пратила инспектори на „Слобода превоз“