Евростат: Најбогати граѓаните на Луксембург, најсиромашни Бугарите

Последниот извештај на Еуростат покажува дека граѓаните на Луксембург и натаму се најбогати во Европската унија, со куповна моќ 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ. Најсиромашни се граѓаните на Бугарија.

Споредено со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург. Ова се објаснува со фактот што платите на многу работници од пограничните земји се вклучени во резултатот на Луксембург, наведува Евростат.

Следна на листата на богати е Ирска, која со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ.

Трета е Данска, а потоа следат Холандија, Австрија и Белгија. Најсиромашни се граѓаните на Бугарија и Словачка.

Претходна вестГо има ли ова на друго место во светот: 10 години на централен плоштад стои смачкана зграда?
Следна вестЕко-патрола на „Комунална хигиена“ фати 48 лица кои трупале отпад по населбите