Езерото „Треска“ и оваа лето ли ќе биде забрането за капење?

Купишта ѓубре кои по првомајското празнување расфрлени на сите страни го оставија несовесните граѓани повторно потсетија дека некои навики и односот кон езерото Треска не се менуваат. Така, се чини, ќе биде се додека езерото кое е со години затворено заради загадената вода и несредениот статус не се доведе во ред од страна на надлежните. А во однос на тоа само се даваат ветувањата а во реалноста не се презема ништо темелно. И минатата година го потврди тоа: градските и општинските органи кои ветија дека скопјани мошне брзо повторно ќе се бањаат во езерото кое е направено со самопридонесот лани во овој период на брзина го исчистија езерото на наталожената кал. Но, набрзо, откако езерото се наполни со вода таа повторно се загади. Тоа само беше нова потврда дека за езерото да биде во функција цело лето потребни се повеќе мерки и зафати. И не само кога е во прашање водата туку и кога се работи за уредувањето на целиот комплекс.

На сето тоа граѓаните се уште чекаат. Сега е токму пролетниот период кој е вистински за преземање на некои активности кои што би можеле да овозможат езерото да им биде на располагање на граѓаните. Се разбира, прво езерото треба да се исчисти, а потоа и да се направат и други работи. На сето тоа се чека, а надлежните уште не соопштуваат што планираат да преземат за оваа летна сезона. Граѓаните повторно чекаат. До кога?