„Езгија трио“ вечерва на репертоарот на „Скопско лето“

Концерт на Филип Шурбевски и „Езгија трио“ е вечерва на репертоарот на „Скопско лето“, локацијата е Факултетот за ликовни уметности, а билетот чини 200 денари.

Во составот се Филип Шурбевски – тарабука, Ристе Апостолов – виолина, Митко Наумовски – џумбуш и Мајкал Карадаковски – кларинет, а нивната музика е препознатлива како традиционална чалгиска.

Овој состав има настапувано на разни свечености, приеми, емисии, општински случувања, во повеќе локали во Старата скопска чаршија и на многу други места. Членовите на составот се професионални музичари со големо сценско искуство и со голем број на настапи во земјата и надвор од неа, секој во својата област.

Претходна вестСончево и топло време со максимални температури до 36 степени
Следна вестЈа вести гледам, жена ми маици пере