Фабио Скано од СЗО: Не е време за олабавување на мерките и за спуштање на гардот

Сега не е време за олабавување на мерките против корона вирусот и за спуштање на гардот. Треба да продолжи тестирањето и наоѓање на болните, нивна изолација на контакти и примена на мерки за заштита, изјави денеска во Скопје Фабио Скано, советник на регионалниот директор на СЗО Европа на заедничката конференција за медиуми со Венко Филипче, македонскиот министер за здравство.

Скано потенцира дека „доколку тоа не се направи тогаш ќе се бараат драматични мерки кои жестоко ќе и наштетат на економијата“.

-Она што го гледаме сега во Северна Македонија е загрижувачко. Поуката што треба да ја извлечеме е дека до ноаѓање на вакцина, не смееме да се опуштаме, истакна тој.

На прашањето дали утрешното отворање на македонските граници може да резултира со повторно зголемување на заразените тој одговори:

-Ова отворање го гледаме и во регионот и кај останати европски држави кои почнаа со олабувањата. Зголемувањето кое се случува е и резултат на непочитувањето на превентивните мерки и постапките на луѓето. Овој вирус нема да замине и колку што ќе го спуштиме гардот тој ќе се врати. Тој брзо се шири и коси. Имавме прва експлозивна фаза, а како што одиме во иднина ќе расте и бројот на заболени. Но, мора да научиме да избегнуваме пораст. Се се сведува на намалување на ризикот и индивидуален однос, да се обезбеди да не се шири вирус од поединци.

Во однос на голем број починати лица во наша земја претставникот на СЗО рече дека државите имаат различни начини на евиденција.

-Вашата земја е многу транспаретна во однос на споделување на тие информации за починати од корона вирусот. Тоа помага да научиме повеќе за болеста. Не треба да се споредувате со други држави, секоја држава е различен случај.

Претходна вестФилипче: Денеска ќе побарам директорот Арбен Зибери да биде сменет
Следна вестДве жени каснати од куче – скитник, Градот ќе ја отвори ли „Лајка“?