Фајзер со рекорден приход во 2022 година, само од вакцини заработиле 57 милијарди евра

Американската фармацевтска компанија Фајзер објави дека ја завршил 2022 година со најголем приход досега, благодарение на вакцината и лековите за Ковид-19, предупредувајќи истовремено дека очекува послаб резултат оваа година поради намалените случаи на инфекција со вирусот и резервите.

Приходите на Фајзер минатата година зголемени се за 23 отсто на 100,3 милијарди долари. Додека Нето добивката е зголемена за 43 проценти на 31,4 милијарди долари, соопшти компанијата.

Со исклучок на вакцината против Ковид-19 и лекот Пакскловид, приходите на Фајзер минатата година беа два отсто повисоки во споредба со 2021 година. Приходите од вакцините против коронавирусот и лекот Пакскловид беа 56,7 милијарди долари.

Во 2023 година, компанијата очекува значително помал приход од 67 до 71 милијарда долари, бидејќи се намалува заразата со коронавирусот, а голем број имаат резерви на вакцини и лекови.

Претходна вестСе намалува цената на дизелот и екстра лесното масло
Следна вестНа жителите на Автокоманда „железарското парно“ им го заменија со „градското“, тие закажаа протест