Фатен едниот од оружените ограбувачи на обложувалницата, другиот е во бегство

Истрага по двајца ограбувачи на обложувалница. Имено, скопското Основното јавно обвинителство издало наредба за истрага против две лица што извршиле вооружен грабеж во скопска обложувачница.

Од обвинителството информираат дека осомничените, по претходен договор, на 9 октомври влегле во спортска обложувачница на скопката улица Зеничка и со пиштол се заканиле по животот на една вработена. Еден од осомничените, кој го држел пиштолот, побарал од оштетената да каже каде се парите и ја турнал до ѕидот, а другиот разбојник се упатил кон работниот пулт и од една од фиоките одзел 188.460 денари.

За еден од разбојниците доставен е предлог за определување мерка притовр, а вториот до овој момент не е обезбеден од страна на полицијата и за него е распишан централен распис.