Фатен како краде 400 килограми плочки за пруга

Приведено е едно лице кое било фатено како краде плочки за пруга, соопшти полицијата.

МВР информира дека приведениот бил фатен од службата за обезбедување.

-На 15.11.2022 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го  лишиле од слобода С.Л.(35) од Скопје. Од лице вработено како обезбедување тој бил затекнат при обид со возило „киа пиканто“ со скопски регистарски ознаки, од фабрика да изнесе плочки за пруга со вкупна тежина од околу 400 килограми. Плочките му биле одземени и вратени на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Претходна вестСите дојави за бомба во седум скопски училишта биле лажни
Следна вестКривична пријава за измама на купувачи