Фатен како краде во објект на улица „Македонија“

Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит-пазар, во саботата (4 ноември), на улицата „Македонија“ во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот Џ. Х. (24).

Како што информираат од МВР, тој бил затекнат при извршување тешка кражба во зграда на правно лице.

Украдените предмети му биле одземени и ѝ вратени на фирмата, а 24-годишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЗаев вечерва ќе ги информира владините коалициски партнери за Алтернатива
Следна вестТранспорт проверува дали двајца од возачите на „Беса Транс“ биле вработени во ЈСП кои зеле денови од одмор