Home АКТУЕЛНО Фатени 20 возачи во Скопје кои возеле пијани, а колку не биле фатени…

Фатени 20 возачи во Скопје кои возеле пијани, а колку не биле фатени…

0
Фатени 20 возачи во Скопје кои возеле пијани, а колку не биле фатени…

Само на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 285 казни на учесници во сообраќајот од страна на полицијата во рамките на интензивните контроли.

МВР соопшти дека од вкупниот број казни, 33 се за возење без возачка дозвола, 20 за возење под дејство на алкохол, 18 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 за користење на мобилен телефон и 3 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло).

-Исто така, изречени се 85 мерки за непрописно паркирање и 18 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 22 санкции, се наведува во информацијата.

Вака високите бројки на фатени прекршители на сообраќајните правила се секојдневие во Скопје. Загрижува помислата колкумина не биле фатени…

Од МВР уверуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.