Фатени на камера лицата кои оставаат куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата ги идентификуваше

46

Идентификувани се лицата кои вчера го оставија сомнителниот куфер на плоштадот „ВМРО“ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Станува збор за швајцарскиот државјанин Рафаел С. (1987) и женско лице со идентитет Вивиан С.Х. (1985), кои во Македонија пристигнале на 1 октомври со лет од Цирих.

Од МВР соопштија дека според видеонадзорот, двете лица го разгледувале просторот, по што едното оставило куфер пред објектот. По пријавата, полицијата веднаш интервенирала и утврдила дека куферот е празен.

Случајот е целосно расчистен, а надлежните служби продолжуваат со проверка на мотивите на странските државјани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестБез вода дел од улицата „Наум Наумовски Борче“
Следна вестМаж гестикулирал и извикувал нацистички поздрави и го навредувал директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Скопје