Фатмир Меџити и Андон Чибишев се нови директори на Неврологија и Токсикологија

Разрешени се вкупно 9 економски директори на повеќе скопски клиники, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој беше во посета на Здравствениот дом Скопје за да се запознае со проблемите во неговото работење.

-Не ги памтам сите разрешувања, но меѓу нив е и економската директорка (Бесија Иљази) на Токсикологија. Назначен е и новиот директор и утре се надевам дека ќе започне. Професор Андон Чибишев е новиот директор на Токсикологија. Утре се надевам дека ќе назначиме и директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорка е поминато од средината на јуни. Има и нов директор на Неврологија – бившиот министер за здравство, Фатмир Меџити, информира денеска Таравари.

Според новиот министер, утврдени се неправилности во работата на Иљази на Клиниката за токсикологија.

Тој најави и поднесување на нов Закон за здравствена заштита со кој ќе биде предвидено да постои само еден директор во здравствените институции.

Претходна вестМицкоски: Ветерниот парк на „Алкараз Енерџи“ најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот
Следна вестСамка Ибраимовски: Не сум му се заканил на никого во Уставен суд, само прашав – што ако настанат убиства?