Фаворитите според планот на вториот ден од Светското Првенство во фудбал

Денеска на Мундијалот во Катар се одиграа три натпревари, во кои фаворитите остварија две победи, и видовме еден нерешен резултат.

Англија во првиот меч ја „торпердираше“ селекцијата на Иран со 6-2. Англичаните победникот го решија уште во првиот дел кога водеа 3-0, па водеа и 4-0, Иранците намалија на 4-1, на што Англија додаде уште два гола за 6-1, и Иран од пенал намали на 6-2.Головите за Англија ги постигна Белингам, Сака два, Стерлинг, Рашфорд и Грилиш. Тареми ги постигна двата гола за Иранците.

Холандија успеа на „мускули“ да ја совлада селекцијата на Сенегал. Сенегал имаше добра игра се до 84. минута, а потоа Гакпо ја искористи грешката на голманот Менди за да го донесе во водство холандскиот национален тим, за Класен во деветата минута од судиското надополнување ги постави конечните 0-2.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Буџетот на градот е блокиран поради неспособноста на Арсовска
Следна вестПроменливо облачно и дождливо време