Темно Режим Светло Режим

ФИФА преиспитува политички забрани: Русија повторно на европската сцена?

Руските клубови и национални селекции веќе четири години се исклучени од сите натпреварувања под капата на УЕФА и ФИФА, по почетокот на инвазијата врз Украина, но таа одлука наскоро би можела да биде преиспитана.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во интервју за Sky News отворено изјави дека забраната треба да биде укината и дека исклучувањето на Русија било погрешен чекор.

Според Инфантино, санкцијата не донела конкретен ефект, туку само создала дополнителна фрустрација и омраза, без да придонесе за решавање на конфликтот.

Тој нагласи дека враќањето на руските екипи би им овозможило на младите фудбалери и фудбалерки од Русија повторно да настапуваат во европските натпреварувања, потенцирајќи дека спортот не треба да биде заложник на политиката.

Инфантино јавно се спротивстави и на идејата за воведување иста забрана за Израел, оценувајќи ја таквата можност како „пораз“ за фудбалот.

Воедно, тој се заложи за промени во правилата на ФИФА, со цел организацијата во иднина никогаш да не забранува учество на држави поради постапките на нивните политички лидери, особено во ситуации каде, како што рече, правилата се применуваат со двојни стандарди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Македонец уапсен во Краљево за серија разбојништва со пиштол

Следниот Пост
(Видео) Дневен времеплов – 05 февруари

(Видео) Дневен времеплов – 02 февруари