Филхармонија ќе свири „Рејдиохед“ вечерва

Во филхармонија вечерва со почеток од 20 часот ќе изведува омпозиции на „Рејдиохед“. Според најавите, проектот под наслов „RADIOHEADJAZZ!“ ќе понуди уникатна содржина – џез-верзии на песните на британската алтернативна рок-група, група која од своето постоење до денес изврши огромно влијание на повеќе генерации музичари ширум светот и донесе прогресивен, иновативен, моќен звук.

И овој пат, зад диригентскиот пулт со Биг-Бендот на Здружението на џе музичари ќе застане врвниот Зиги Фајгл од Австрија, познат на македонската публика од неговите досегашни фантастични настапи со овој ансамбл.

Според Здружението, цез-аранжманите на нивните композиции ќе бидат уникатна фузија меѓу различните музички правци, и тоа за првпат ќе биде претставено на македонската музичка сцена.