„Филхармонија на отворено“ на 23 јуни

Првиот концерт на т.н. настан „Филхармонија на отворено“ организиран од Македонската филхармонија ќе се одржи на 23 јуни со почеток во 21 часот. Се нарекува „Ну Погоди!“ и ќе биде очигледно најинтересен за најмладите.
Тие ќе имаат можност да уживаат во музика од култните цртани филмови од земјите од Источниот блок: „Балтазар”, „Ну Погоди”, „Как Казаки”, „Козле Бозле”, „Густав”, „Балтазар”, „Мечето Ушко”…