Филип Талески повторно ќе го облече дресот на РК Вардар

173

Филип Талески одново ќе го облече дресот на Вардар 1961, стигна потврдата од најтрофејниот ракометен колектив во Македонија

„Црвено-црните“ со кратко видео го најавија кам-бекот на поранешниот репрезентативец на Македонија, кој по двете години минати во Бенфика се враќа на добро позната адреса.

-Со задоволство го потврдуваме враќањето на нашиот „бомбардер“ Филип Талески во дресот на Вардар. Уште многу вакви радости заедно да прославуваме. Добредојде Филип!, се вели во објавата на клубот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСтојанче Ангелов нов директор на дирекцијатa за заштита и спасување
Следна вест70-годишна скопјанка нападната од сосед на полноќ во Аеродром