Филипче бара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Почна денеска учебната година со закаснување од еден месец. По тој повод се обрати и министерот за здравство Венко Филипче истакнувајки дека знае оти многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и посочи дека искрено сите ги разбира.

-Но, како здравствен работник и прв одговорен во битката со пандемијата, барам разбирање и поддршка за сите здравствени одлуки кои ги донесовме во однос на образовниот процес, истакна министерот.

Тој вели дека секоја одлука е базирана на примарната и најважна цел, заштитата на јавното здравје, заштитата на здравствениот систем и пребродување на кризата.

Во своето обраќање, министерот Филипче истакна дека целосното отворање на училиштата кое го применија многу земји се покажало како исклучително голем ризик, а во неколку земји тоа значело целосен крах на системот и враќање кон силни рестрикции.

-Верувам дека никој не го посакува ова. Сите добро се сеќаваме каква штета на менталното здравје, економијата и целото општество донесоа рестрикциите. Тие се последното нешто што сакаме да го употребиме и затоа мора да бидеме многу внимателни. Сите ученици кои се враќаат во училишните клупи, нивните родители и наставниот кадар мора да бидат многу одговорни. Дури 600 училишта ја започнаа наставата со физичко присуство. Од учениците, родителите и наставниците очекувам максимално и доследно почитување на пропишаните мерки. Од сите заедно зависи дали ќе ја задржиме состојбата стабилна а со тоа и безбедно и квалитетно да ја поминеме учебната година. Драги деца, вирусот не е шега. Можеби за вас е помалку опасен, но е многу поопасен за вашите родители, баби и дедовци. Почитувајте ги препораките, слушајте ги наставниците и штитете го здравјето на сите, истакна министерот Филипче.

Претходна вестШто стана со владиниот план до 2020 година да се намали загадувањето за 50 проценти?
Следна вестФатени тројцата малолетници кои скинале златни ланчиња од врат на жена