Филипче: Хронично болните до 23 септември ќе може да одат по потврди дека не може да се вратат на работа

До 23 септмеври е првиот рок до кој хронично болните ќе можат да посетат специјалист и да добијат потврда доколку поради нивната дијагноза и состојба не можат да се вратат на работа. Оставена е можноста да и овој рок биде пролонгиран доколку некои болни не успеат да ја добијат потврдата.

Ова е заклучено на утринската средба на министерот за здравство Венко Филипче и здруженијата на пациенти „Борка“, „Живот со предизвици“, Национално здружение за МС, Здружение за ХМЛ, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, „Нефрон“, „Хепар“ и други, кои реагираа на владината одлука за враќање на работа на хронично болните. За да можат да го реализираат тоа, Филипче најави дека ќе бидат пуштени дополнителни термини на платформата „Мој термин“.

Готови се и измените на правилникот за боледувања во ФЗОМ, со кој специјалистот на неопределено ќе издава боледување.

Претходна вестЌе биде ли Македонија прва држава без кабелски телевизии?
Следна вестТуфф, штета, за малку тунелот под Кале ќе почнеше да се гради…