Филипче: Имаме целосен увид во ситуацијата

Анализите што ги правиме ни дават за право да кажеме дека во овој период имаме целосен увид во ситуацијата со ширењето на корона вирусот, изјави Венко Филипче, министер за здравство на попладневната конференција за печат.
Тој со оваа реченица одговори на новинарското прашање врзано за секојдневниот голем број на заболени лица од корона вирусот, односно, дали здравствените власти имаат контрола врз ситуацијата.
-Новозаболените се во огромен процент од познати контакти во рамките на локализирани кластери. Имаме целосен увид во ситуацијата кака во однос на активните случаи, така и во однос на нивните контакти. Во однос на тоа така и се димензионираат мерките, потенцира Филипче.
Претходна вестФилипче: Владата утре ќе решава за полицискиот час, заразените се од семејни собири
Следна вестКараџовски и Филипче не чувствуваат одговорност за растот на бројот на новозаболени