Филипче: Ќе има нов бран на ковид

Нов бран на ковид-19 е сè поизвесен, мора да го задржиме ова темпо на вакцинација, порачува министерот за здравство, Венко Филипче.

– Нов бран е сè поизвесен, тој не одбегна многу европски земји, веројатно нема да не одбегне ни нас. Само од нас зависи дали ќе го пречекаме вакцинирани во што поголем процент, ќе го ублажиме и ќе спасиме човечки животи. Барам максимална одговорност, но пред сè поддршка и вклученост. Ширете ја пораката дека вакцинацијата е единствен начин да ставиме крај на пандемијата. Разговарајте и убедете ги оние кои сè уште се двоумат затоа што веќе е научно докажано и проверено – вакцините функционираат. Тие се безбедни и спречуваат хоспитализација или смрт од ковид, вели Филипче.

Тој веќе најави дека можно е за невакцинираните лица да се воведат рестрикции за местата каде што има можност за масовни собири, по примерот на други европски држави.

Претходна вестНад 500 амандмани ја блокираа комисиската расправа по измените на Изборниот законик
Следна вестСончево и многу топло со температура до 41 степен