Се преземаат низа мерки за подобри здравствени услуги, уверува министерот Венко Филипче. Имено, се зголемувал бројот на болнички капацитети во сите 16 болници кои ќе добијат модуларни мини инфективни одделенија со цел тие со сега посебните објекти, да останат целосно „чисти“ за да може нормалната патологија што се работи едноставно да не трпи и пациентите да можат да добијат здравствена услуга.
-Ќе се инсталираат апарати за дијагностика во сите овие центри за брза дијагноза на вирусот, истакна министерот за здравство Венко Филипче во синоќешното гостување на Канал 5 телевизија.
Тој рече дека здравствениот систем веќе два месеца интензивно се подготвува за есенските месеци со зајакнување на постојните јавно-здравствени установи за третман на пациентите со корона вирус.