Филипче: Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите онлајн настава

Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава односно да учат од дома, предложи Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со претставници на Министерството за образование и наука.

Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука.

– За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие ја ажурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат, па врз основа на тоа да се направи, додаде Филипче.

Претходна вестПродолжуваат протестите против покачувањето на цената на струјата
Следна вестУбедувале 13 годишно девојче да снима порнографски видео клипови, па ги споделувале