Темно Режим Светло Режим

Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад, обвини Град Скопје

Во општина Гази Баба, фирма била затекната од инспекторат на Град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со градежен и опасен отпад и бесправна експлоатација на земјиште, без лиценци, елаборати, дозволи и одобренија, што, како што велат од Градот, претставува сериозна опасност по здравјето на граѓаните и животната средина.

Од Град Скопје, апелираат до Министерството за внатрешни работи да постапи, бидејќи, нагласуваат, неказнивоста и непостапувањето предизвикува сторителите на вакви дела да мислат дека се недопирливи пред законот.

-Фирмата која прави дива депонија и каде се експлоатира, го има поткопано 110kV кабловски и воздушен далновод кој го напојува со електрична енергија градот Скопје. На ова земјиште сопственост на Република Македонија се прави сериозна штета на главниот далновод, известени се сите надлежни институции за кои очекуваме да не се кријат и да постапуваат. https://www.facebook.com/share/v/14DVtDetaiH/ , велат во соопштението од Град Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Николоски: Делови од патот кон Свети Наум не беа ни чепнати уште од времето на генерал Карангелевски, кога патот бил граден

Следниот Пост

Заврши состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија, нема конкретни договори