ФК „Вардар“ доби нов сопственик и шанса за големо враќање

Компанијата „Блу Скај инвесмент“ е согласна во целост да го преземе постојниот договор, со сите услови што Град Скопје го има склучено со поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Вардар, со што со тоа официјално го презема раководењето со клубот.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција по повод преземањето на клубот, истакна дека успешно заврши посредувањето на Градот Скопје со стариот и новиот инвеститор и сопственик на ФК Вардар, со што всушност, како што нагласи, успеале да обезбедат извесна иднина за клубот, како една од најголемите спортски институции во нашава земја.

Шилегов дополни дека новиот инвеститор ја презема обврската во целост да ја рехабилитира екипата и што е можно побрзо тимот да се врати во првата фудбалска лига – сите долгови кои се настанати во меѓувреме, кон сите коминтенти и играчи, во наредниот период ќе бидат во целост подмирени од новиот инвеститор, што е дел од новиот договор.

Советот на Град Скопје, на следната седница, во втората половина на месец август, ќе го одобри овој договор најави Шилегов.

Договорот со новиот сопствеик има само еден услов, а тоа е да се исплатат во целост сите створени обврски заклучно со 30 мај, како кон фудбалерите, така и кон сите коминтенти.

Се работи за долгови во износ од 2,4 милиони евра, а исплатата на сите обврски од договорот ќе овозможи префрлање на корисничко право на тренинг кампот со што Вардар ќе го задржи својот дом.

ФК Вардар во сезоната што претстои ќе се натпреварува во Втора лига Запад.

Претходна вестВо Врање вчера се вакцинирале повеќе македонски одошто српски државјани
Следна вестСДСМ и ДПА меѓусебно ќе се поддржуваат на локалните – некаде во првиот некаде во вториот круг