Фолклорното обележје на Скопје, КУД „Мирче Ацев“, на меѓународен фестивал во Турција

Едно од најстарите македонски фолклорни друштва, со седиште во Скопје, „Мирче Ацев“ учествуваше на популарниот фолклорен фестивал Бујукчекмеџе, Истанбул, Турција. Настапите на „Мирче Ацев“ се случуваа од 24 јули до 4 август, а на фестивалот учествуваа ансамбли од повеќе земји: Бразил, Венецуела, Колумбија, Косово, Грција, Хрватска, Бугарија, Србија, Јужна Африка, Панама, Перу, Португалија, Индија, Шпанија, Индонезија, Грузија, Тајван, Украина, Русија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Северен Кипар, Кенија и Германија.
Нашиот претставник учествуваше на две дефилеа и осум концерти кои беа организирани на повеќе локации, а пред многубројната публика беа презентирани ора и песни од Источна Македонија, кореографијата „Пиринско пролетно цвеќе“, Малешевски сплет на ора и песни и други.