Фон дер Лајен не објасни поконкретно на што е подготвена ЕУ околу македонскиот влез во унијата

37

Се уште се слуша ехото од вчерашната посета на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Македонија. Во тој оддек има и некои работи кои останаа недообјаснети за јавноста.

Да, таа јасно побара смена на Уставот и јасно укажа дека топката е во македонскиот двор, сепак тоа не е нешто ново, напротив многупати сме го слушнале. Но заинтригира кратко напишаното од Фон дер Лајен дека ЕУ е подготвена. И тука е нејаснотијата, а бидејќи избегна средба со новинари се скрати можноста таа да добие прашање – на што конкретно ЕУ е подготвена кога се работи за македонското евроинтегрирање?

Флоскулата – „Целосно ја поддржуваме вашата земја на нејзиниот пат кон ЕУ” и сега ја добивме и многу пати сме ја слушнале низ годиниве. Сега беше добра прилика бриселската функционерка да каже нешто далеку поконкретно и попрецизно – што Македонија да очекува од Брисел за време на преговорите? Тоа објаснување го чекаат и го заслужуваат македонските граѓани, стои во текстот што утрово го објави Прва Скопска ТВ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест18 години од загинувањето на Тоше Проески
Следна вестПресек по третиот квартал од 2025: „Булмак 2016“ уплати 58.231.096 денари за концесиски надоместоци