(ФОТО) Прва скопска ТВ: Том Хенкс фатен во метро – холивудската скромност на дело

38

Холивудската ѕвезда и оскаровец Том Хенкс повторно покажа дека славата не му ја одзела скромноста – беше забележан како се вози со њујоршкото метро, облечен едноставно во тексас јакна и фармерки, со маска на лицето.

Иако се обидуваше да остане непрепознатлив, обожавателите веднаш го препознаа, а фотографиите брзо станаа вирусни на социјалните мрежи.

Хенкс, чије богатство се проценува на околу 400 милиони долари, изгледал целосно опуштен – стоел покрај вратата и го набљудувал метежот, како секој друг патник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Spotlight (@thespotlight)

Со тоа, актерот им се придружи на сè поголемиот број познати личности кои во последно време избираат јавен превоз во Њујорк, меѓу кои и Харисон Форд, пишува Daily Mail.

Фото: Принтскрин/Instagram

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестДвајца уапсени, а пет повикани на разговор за изборен поткуп
Следна вестЧлен од комисијата сакал да и го одземе телефонот на новинарка, морало да реагира полицијата