Франција „гори“, милиони се на улица против реформите на Макрон

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на протести против пензиската реформа кои беа пред некој ден имало 1,28 милиони луѓе, пренесе радиото Франс инфо. Протести имаше и денес што доведе до прекин на испораката на гориво и намалено производство на струја.

– Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во Франција имало 1,28 милиони демонстранти, додека главниот синдикат ја споменува бројката од 3,5 милиони собрани, објави француското радио на својата веб-страница.

Париската полициска префектура објави дека во француската престолнина има 81.000 демонстранти, додека синдикатот претходно ја објави бројката од 700.000 собрани во Париз.

Синдикатите денеска „историска“ мобилизација против пензиската реформа, односно планот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој меѓу другото предвидува поместување на старосната граница за пензионирање на 64, наместо на 62 години.

Во неколку градови во Франција, работниците и денеска штрајкуваат во знак на протест против предложените промени во францускиот пензиски систем, продолжувајќи со блокирање на испораката на гориво и намалување на производството на електрична енергија на неколку локации.

Француската компанија за производство на електрична енергија ЕДФ соопшти дека поради штрајкот е намалено напојувањето за 8,2 гигавати (GW), односно за 13 отсто од вкупното производство во некои од нуклеарните, термоцентралите и хидроцентралите. „Тотал енерџис“ објави дека поради штрајкот повторно нема испораки на гориво од нејзините француски рафинерии.

Претставник на синдикатот изјави за Ројтерс дека нема испораки на гориво ниту од рафинеријата Фос-сур-Мер на Екон Мобил Ес во јужна Франција, и дека нормалното снабдување е воспоставено во Порт Жером на северозапад.

 

Претходна вестЛевица: За два месеца Владата не задолжи 938 милиони евра
Следна вестВечерва ќе „гори“ во „Борис Трајковски“, Македонија ќе игра против Португалија