Претседателот Емануел Макрон во кратко обраќање до нацијата соопшти дека Франција ќе застане покрај своите партнери во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.
Франција има одбранбени договори со Обединети Арапски Емирати, Кувајт и Катар, земји кои беа цел на ирански напади. Макрон истакна дека Париз ќе ги исполни своите обврски и ќе им даде поддршка на сојузниците.
Тој нагласи дека се залага за брзо решавање на конфликтот и деескалација на ситуацијата. Воедно потврди дека е договорено, покрај носачот на авиони, да бидат испратени и дополнителни системи за противвоздушна одбрана на Кипар. Француска фрегата се очекува да пристигне крај кипарскиот брег уште вечерва.
„Се координираме со нашите европски сојузници и партнери за да ја обезбедиме безбедноста на Источниот Медитеран“, порача Макрон.



