Kазнети збеснати скутерџии во Охридско езеро, но ќе има ли ефект?

Расте бројот на пловила во Охридското езеро од сезона во сезона, ама расте и бројот на изречени казни за нивното непрописно и опасно движење блиску до капачите. Имено од почетокот на сезонава изречени се 25 санкции, и тоа најмногу на струшкото крајбрежје.

Најопасни се скутерите, граѓаните имаат најмногу поплаки за нив во Охридската капетанија. Но, ситуацијата и покрај казните, очигледно не се менува на подобро.

Дали не е крајно време езерската полиција да биде поприсутна на теренот и многу поревносна во контролите?

На ниво на држава во моментот во регистарот има околу 2800 пловила, од кој добар дел се во Охрид.

Претходна вестПретежно облачно време, попладне поројни дождови и појава на град на места
Следна вестЈадат ли министрите леб?