Фрчеле куршуми кон кучиња во парк во Аеродром

Фрчеле куршуми кон кучиња во Аеродром. Имено, денеска, во раните утрински часови во полициската станица Аеродром било пријавено пукање кон кучиња во парк на булеварот „Видое Смилевски Бато“.

Полицијата информира дека во врска со настанот е уапсен 69-годишен скопјанец. Инспекторите откако излеге на терен констатирале сега веќе приведеното лице пукало кон кучиња со пиштол „црвена застава“.

По документирање на случајот полицијата ќе поднела соодветен поднесок.

Засега нема информации како и зошто дошло до инцидентот.