Фридман: Македонците треба да бидат цврсти пред нападите од Бугарија

Проблемот со притисокот на Бугарија врз македонскиот јазик е следен и во светската лингвистичка наука. Тоа го потврди синоќа познатиот американски универзитетски професор и лингвист Виктор Фридман.

Тој во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа им порача на Македонците да бидат цврсти пред нападите врз нивниот јазик и идентитет од соседна Бугарија.

-Македонија во секој случај ќе патува кон Европа. Ако пак треба малку чекање, ќе треба. Европа не е толку здрава во моментов. И самата има проблеми. И ние во Америка имаме проблеми. Бугарија е капка вода во светот и просто нема право така да постапува. И мислам дека Македонците треба да бидат цврсти со Бугарија. Јас така мислам, изјави професорот Фридман, говорејќи одлично македонски јазик.

Тој потсети дека ваквите притисоци врз македонскиот јазик не се нешто ново и на тоа науката дала конкретни и аргументирани одговори, но и додаде дека е уверен на крајот на краиштата доброто ќе победи, барем по ова прашање.

Претходна вестДали нашите министри влегоа во НАТО само за по дома да се фалат со тоа? 
Следна вестАмерикански и грчки авиони со прелет над Македонија ни посакаа добредојде во НАТО