Фрштеле куршуми во „Александар Палас“, рането едно лице

Пукање со огнено оружје во хотелот „Александар Палас“. Синоќа по полноќ дошло до престрелка во скопскиот хотел во која учествувала поголема група на луѓе. Како што пренесуваат медиумите биле употребени дури и автоматски пушки.

Најмалку четири лица со фантомки на главата пукале кон ресторанот на хотелот. Според очевидци тројца од сторителите влегле и во хотелот и испукале рафали према ресторанот каде седеле неколку лица. И кон напаѓачите бил упатен оган од страна на гостите во ресторанот.

Неофицијално, едно лице е повредено, а едно од лицата кои седеле во ресторанот било полицаец.

Се очекува денеска МВР да излезе со повеќе детали за овој немил настан во познатиот скопски хотел кој инаку во последно време беше место на неколку инциденти.