Скандалозен момент во македонскиот фудбал во режија на фудбалерите на гевгелискиот тим, Кожуф. Буквално го почастија Башкими со погодок за победа.
Башкими води голема битка за влез во Првата лига. Кумановскиот тим денеска дојде до лесна победа иако таа беше изборена во 94. минута.
Фудбалерите на домашниот тим, вклучително и голманот, буквално стоеа и му дозволија на напаѓачот на Башкими, Христијан Митревски да постигне гол за важни три бода.
Скандалозен погодок кој крена многу прав.