Фудбалерите посакуваат нов успех во Тбилиси

Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа официјалниот тренинг на стадионот на Динамо Тбилиси, во пресрет на утрешниот натпревар против Грузија, претпоследен во ова издание од Лигатата на нации. Селекторот Благоја Милевски го нема на располагање најдобриот состав, но не недостига мотивација кај фудбалерите за успех.

Грузија во Скопје оствари убедлив триумф (0:3), па доколку Македонија сака по утрешниот меч да го преземе врвот, ќе треба да слави со четири гола разлика.

Грузијците ќе имаат огромна поддршка од трибините, затоа што според информациите сите билети се распродадени и на трибините ќе има 60.000 гледачи.

Претходна вестЕдвард Џозеф: Францускиот предлог ѝ дава надредена позиција на Бугарија
Следна вестОблачно со температура до 22 степени