Функционери се фатија за метла: Стана ли „Комунална хигиена- Скопје“ пи ар алатка пред избори?

Чисто Скопје им треба на скопјани. Тоа го знаат политичките функционери, а на тоа за жал најмногу се потсетуваат пред избори.

Еве, на пример вицепремиерот Артан Груби пред некој ден зема црево од Комунална хигиена, излезе во џамија во Чаршија и го изми дворот на истата. Оваа вест предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи , особено заради тоа што секогаш пред избори без разлика дали локални, парламентарни или претседателски, владини функционери прават еколошки чистки, метење и миење на улици, чистат депонии… И не ретко е во игра претпријатието „Комунална хигиена- Скопје“.

Јавно ги прашуваме функцинерите: Кој следен ќе се фати за црево или метла? Зошто зачистуваат само пред избори, а не на пример еднаш неделно, а останатото време да инсистираат претпријатието да запне повеќе да чисти?

Но прашања и дилеми има и за претпријатието: Зошто дозволува функционерите да го користат како себепромоција пред избори? Комуналната компанија не постои за да преку него се рекламираат функционерите. Народните пари за претпријатието се даваат за чисти улици, а не за да бидат Пи Ар алатка кога ќе затреба.

Претходна вестРакометниот клуб Вардар е прв финалист во Купот на Макдеонија
Следна вест„Музичко патување“ – концерт вечерва во Македонската филхармонија