Фуриозниот Ѓоковиќ несопирлив на Австралија Опен, следи уште финалето

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа на сите дека е најдобар тенисер на светот и дека неспортските тргања-забрани за настап на некои турнири не го извадија од победничкиот ритам. Тој пред малку со лесна победа се пласира во финалето на Австралија опен.

Србинот на убедлив начин го совлада Американецот Томи Пол со 3:0 во сетови (7:5, 6:1, 6:2). По ова тој во мечот во финалето за трофејот ќе ги одмери силите со Стефанос Циципас.

Ѓоковиќ игра фуриозно на овој турнир и буквално го крши отпорот на секој ривал. Колку тој добро игра на овој турнир показател е и тоа што при една од убедливите победи новинарка го штипна за да провери дали е човек. Инаку, многу аналитичари велат дека Новак е инспириран за големи натпревари поради желбата да има најмногу титули во тенисот, но и поради ланското понижување кое го доживеа во Австралија кога го депортираа не давајки му да настапи на турнирот затоа што не бил вакциниран.

-Благодарен сум што сè уште имам доволно гориво да играм тенис на ова ниво, изјави Ѓоковиќ.

Во финалето српскиот тенисер има шанса да ја освои десеттата титула во Мелбурн, но и да го израмнил рекордот на Рафаел Надал од 22 гренд слем трофеи.

 

Претходна вестМКЦ и одговори на Арсовска: Ни го убивте кејфот и љубовта кон работењето
Следна вестКавадарчанец пријавил дека некој друг земал кредит во негово име