Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

101

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.

Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестУапсен возач од Косово поради сообраќајна несреќа во Скопје: со товарно возило удрил во мопед
Следна вест(Видео) Украински напад врз Донецк и Луганск