Трките продолжуваат: 80 казнети за брзо возење

Скопските улици во вечерните часови продолжуваат да бидат тркачки зони. Педалата за гас, особено кај помладите изгледа без ограничувања се притиска, несвесни дека си го загрозуваат пред се сопствениот, но и животот на сите учесници во сообраќајот. И вчера, во засилена акција, полицијата „ловела“ лица кои возеле многу брзо.
Имено, само од 6 часот наутро до 24 часот, откриени се 80 возачи кои ја пречекориле брзината во населено место, а откриени се и 52 други прекршоци.
-Синоќа, во периодот од 19.00 до 24.00 часот, беше спроведена и акциска контрола за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, при што се констатирани осум такви прекршоци, информираат од МВР.
Можеби е неопходно засилено полициско присуство на улиците, особено во вечерните часови кога трките се организираат.