Гаши и Села: Немаме никакви преговори за учество во новата влада

Сакаме да ја известиме јавноста дека ние не сме имале ниту една официјална средба и ниту друга средба за учество во новата влада и нема да преговараме пред легалниот, но нелегитимен победник на изборите, во албанскиот камп, односно ДУИ, да го исцрпи правото за да биде дел од идната влада, наведено е во заедничкото соопштение што го испратија Алијансата за Албанците и Алтернатива.

„Јавноста треба да знае дека заврши времето кога Албанците се туркаа пред вратата на влада, кој прв ќе влезе во неа, кој повеќе ќе попушти во пазарот. Иако не сме легитимни победници на изборите на 15 јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, сè додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за премиер да биде Насер Зибери. Дури, како што сме кажале, ако во Собранието на Република Северна Македонија доаѓа предлог Насер Зибери да биде премиер, ние со нашите 12 пратеници ќе гласаме за истиот. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партија нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција“, се вели во заедничкото соопштение.

Во однос на поканата што ја испрати лидерот на ДУИ, Али Ахмети, до сите лидери на албанските партии, со цел да ги седне на иста маса во чест на годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, а тие, пак, не се појавија на средбата, Алтернатива и Алијансата за Албанците соопштуваат дека само побарале одложување на настанот за друг датум.

„И покрај неоснованите и навредливите зборови на претедателот на ДУИ кон нас, кои не се новост во неговиот речник, сакаме да соопштиме дека ние на 07.08.2020 година, ја примивме поканата за учество и на 10.08.2020 година, на истата позитивно сме одговориле, барајќи истата да се одложи за неколку дена и да се одреди дневниот ред на средбата. Но наместо пролонгирање на датумот, тие што нè поканија ни одговорија истиот ден, после нашето писмо, одредувајќи го дневниот ред, но без пролонгирање на датумот на средбата. Од таква наметнета позиција, нас ни се одзема можноста да учествуваме на таа средба. Како и да е, без оглед на ова ние посакуваме тркалезната маса на парламентарните албански партии да продолжи, како инструмент за координација на албанските ставови во Република Северна Македонија, и во иднина да се надминат овие пречки. За крај, уште еднаш ве повикаме кратко и јасно: Или Насер Зибери премиер, или одете во опозиција“, се вели во соопштението.

Претходна вестСообраќајка кај велешко Голозинци, меѓу повредените има и деца
Следна вестРусите вакцина за ковид пронајдоа, ние уште пронаѓаме кој гради кај Мавровка