Газдата му дал 23.500 евра да ги предаде на колега, а тој исчезнал со парите и не се јавувал на телефон

Вчера во Полициската станица Гази Баба, правен застапник на фирма од Скопје пријавил дека С.С. од Скопје, вработен во фирмата противправно присвоил 23.500 евра пари од фирмата, информираат од МВР.

Според пријавеното, на 17.01.2023 во Скопје сопственикот на фирмата му ги дал парите на С.С. за да ги однесе со возило и предаде на друг вработен, кој бил во Струмица. Како што е пријавено, С.С. не ги предал парите и наредниот ден се јавил на сопственикот и рекол дека ги нема парите, по што одбивал секаков контакт.

 

Претходна вестМНР им одговори на антикорупционерите: Не постои извештај за злоупотреби при користењето на службените возила
Следна вестВо Велес одбележани 94 години од смртта на Васил Главинов